Извозот на компаниите во преработувачката индустрија во Македонија минатата година се зголеми за 10 отсто во споредба со 2008 година. Овие податоци беа изнесени на годишното собрание на Македонската асоцијација на преработувачи, на кое беше презентиран финансискиот извештај на МАП за 2009 година, како и активностите на ова здружение реализирани во текот на минатата година. Преработувачката индустрија е една од ретките индустриски гранки во Македонија кои забележеле раст во извозот и истакна дека минатата година биле извезени производи во вредност од околу 40 милиони евра. И покрај овие позитивни резултати, ние се соочуваме со огромни проблеми во поглед на ликвидноста бидејќи нашите доминантно странски партнери ги намалија прелиминарните нарачки, па фабриките се судруваат со лагери и со задоцнета наплата на побарувањата.
Извозот на компаниите во преработувачката индустрија во Македонија минатата година се зголеми за 10 отсто во споредба со 2008 година, изјави денеска Дарко Нашков, сопственик на фабрика за сушење зеленчук „Ларс“.
Овие податоци беа изнесени на годишното собрание на Македонската асоцијација на преработувачи, на кое беше презентиран финансискиот извештај на МАП за 2009 година, како и активностите на ова здружение реализирани во текот на минатата година.
Нашков рече дека преработувачката индустрија е една од ретките индустриски гранки во Македонија кои забележеле раст во извозот и истакна дека минатата година биле извезени производи во вредност од околу 40 милиони евра.
„И покрај овие позитивни резултати, ние се соочуваме со огромни проблеми во поглед на ликвидноста бидејќи нашите доминантно странски партнери ги намалија прелиминарните нарачки, па фабриките се судруваат со лагери и со задоцнета наплата на побарувањата“, рече Нашков.
„Наредната сезона очекуваме мал пад во цената на суровините и примарните земјоделски производи бидејќи таков е трендот и на странските пазари“, нагласи Нашков.
„Имаме забелешки на поднесениот предлог Закон за земјоделство околу роковите за исплата и сметаме дека облигационите односи треба да се констатираат меѓу компанијата и земјоделците“ нагласи Нашков и додаде дека едно од главните барања е да се дозволи безцарински увоз на градинарски производи по истекот на сезоната на градинарски култури во Македонија.
Момчило Ивановски, сопственик на претпријатието за производство на печурки "Бонум" изјави дека преработувачите со нетрпение ги очекуваат фондовите на ИПАРД, но дека се соочуваат со проблеми бидејќи банките се индиферентни и го обезвреднуваат капиталот на оние кои бараат кредит.
„Ние како индустрија сме истоштени имаме производи кои се на залиха и кои сме ги испорачале но не сме ги наплатиле“ рече Ивановски нагласувајќи дека доколку не се смени нешто во начинот на кредитирање компаниите во преработувачката индустрија наредната година нема да можат да почнат со откуп на земјоделските производи.
Ивановски истакна дека иако Македонската Банка за помош на развојот требаше да кредитира таму каде комерцијалните банки немаат интерес, таквите активности засега не функционираат.